Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на ТФТ. Гордон, кој ги покрива позициите 3 и 4, пристигнува со богато искуство од 10 различни земји – меѓу кои Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги. Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по натпревар. Потпишан е договор на една година, а ТФТ веќе сериозно се подготвува ...
Екипата на ТФТ Скопје се покажа во одлично светло минатата сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Освен шампионот МЗТ Скопје, финалистот прикажа најмногу во мак-кошарката и затоа стигна до историската борба за трофејот. И во регуларната сезона ТФТ беше на само чекор зад „штрковите“ со еден пораз повеќе, потоа во плеј-офот фуриозно ги мина Чаир и Работнички со по 3-0, ама во финалето немаше сили за сензација. Успеа ТФТ да добие еден ...