Со вечерта на корчанските серенади „Спомени од младоста“, во изведба на групата „Кофиел“, вечерва успешно заврши првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир која четири вечери по ред ја претвори Старата скопска чаршија во сцена на музиката и културата. На завршната вечер присуствуваше градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој го оцени првото издание на фестивалот како успешен почеток на нова ...

Општина Чаир успешно го заокружи првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој од 23 до 26 јули ја претвори Старата скопска чаршија во сцена на врвна музичка уметност и културен дијалог. Во текот на четирите фестивалски вечери беа реализирани четири концерти, на кои настапија 20 солисти од Северна Македонија, Албанија, Романија, Италија, Косово и Шпанија, придружувани од Симфонискиот оркестар AYGA од Северна Македонија. ...