Десетици илјади политички опоненти на српскиот претседател Вучиќ, се собраа во Белград со барање за предвремени парламентарни избори. Тензиите се зголемија пред протестот во Белград, кој го организираа студентите на српските универзитети. Вучиќ и неговата Српска напредна партија постојано го одбиваат барањето за предвремени избори и ги обвинуваат демонстрантите дека планираат да поттикнат насилство по наредба од странство, што не го прецизираа. ...

Десетици илјади студенти и демонстранти против корупцијата се собраа вечерва во Белград, барајќи предвремени избори и крај на 12-годишното владеење на претседателот Александар Вучиќ. Студентите на Факутетот за драмска уметност (ФДУ) објавија дека судејќи според снимките од дрон, во Белград има околу половина милион луѓе на улиците. Полицијата распореди голем број полицајци во опрема за немири околу владините згради, парламентот и блискиот парк ...