Вечерва експедицијата на нашата кошаркарска селекција пристигна во Солнок, каде во сабота ќе ги одмериме силите со домашната селекција на Унгарија. Мечот почнува од 18 часот. Инаку Унгарците вечерва играа на гости кај Романија во Орадеа и беа убедливо поразени, па како што стоја сега работите веројатно тој саботен меч ќе биде екстра важен и за двете селекции. Како што е познато, селекторот Марјан Илиевски одлучи да го крати списокот па во ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го одработи првиот тренинг во „Тисалигети“ Арената во Солнок, каде утре вечер, во 18.00 часот ќе го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Согласно со регулативите на ФИБА, нашите најдбри кошаркари го добија терминот во кој ќе се игра натпреварот, а селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, одлучија нашиот тим да има уште еден. Унгарија ...

Нашата најдобра кошаркарска селекција доцна синоќа пристигна на крајната дестинација, каде ќе биде во наредните неколку дена, до натпреварот со Унгарија. Кошаркарите и стручниот штаб веќе се во Солнок, каде е планирано да се одигра вториот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. По напорите кои ги донесе патувањето од Скопје преку Истанбул, до Солнок, стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски и ...