Денеска во Штип се одржаа повеќе комеморативни настани во чест и спомен на штипските Евреи, 591 од нив, кои на 11 март 1943 доцна во ноќта беа избркани од своите куќи, упатени кон штипската железничка станица, а потоа со товарни возови однесени во скопскиот Монопол, од каде биле депортирани во логорите на смртта. Во Советот на општина Штип се одржа комеморативна седница, а на Споменикот на Холокаустот и на еврејските гробишта беа положени ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата за 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистите во логорот на смртта „Треблинка“ во 1943 година. Комеморацијата се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска. Претседателката оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на македонските Евреи. Според соопштението на претседателскиот кабинет, ...

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип. Во пишаното соопштение се наведува дека вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно ...