На денешното рочиште, вештакот одговараше на прашањата на одбраната на обвинетата онколог Симонида Црвенков, a вчера на прашања од одбраната на Нино Васев, која тврдеше дека вештачењето било направено без целосна медицинска документација и без почитување на македонските национални упатства за онколошки третман. Радосављевиќ одговори дека анализирал документација за 16 пациенти и дека кај повеќето забележал неправилно лекување и влошување на ...
Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, обвинети за несовесно лекување ...

