Во Осака одбележан Националниот ден на Македонија на ЕКСПО 2025. На македонскиот павилјон се промовираат културните, туристичките и економските потенцијали. Министерот за култура Љутков се сретна со синот на големиот јапонски архитект Кензо Танге кој ја посети изложбата посветена на архитектонската визија за Скопје на неговиот татко, што ги спојува нашите два народа. И министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во ...

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително ...