Доскорешниот фудбалер на Милан, Алесандро Флоренци, денеска преку социјалните мрежи објави крај на својата професионална фудбалска кариера. Флоренци се повлекува на 34-годишна возраст, а откако му истече договорот со Милан и реши да не настапува за друг клуб во новата сезона. Бекот е производ на младинската академија на Рома, долго настапуваше и за сениорите, чиј капитен беше во еден момент, а забележа 280 настапи само во сениорска конкуренција. ...

Поранешниот десен бек на Рома и на Милан, Алесандро Флоренци, на 34-годишна возраст објави крај на својата професионална фудбалска кариера. Италијанецот одлуката ја соопшти преку својот профил на „Инстаграм“. Флоренци ја започна кариерата во академијата на Рома уште на 11-годишна возраст и остана дел од клубот цели две децении. За првиот тим одигра 280 натпревари. Во 2019 година беше позајмен во Валенсија, а потоа настапуваше и за ПСЖ и за Милан ...