Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати, бидејќи се далеку попродуктивни од тоа што се прикажува од надлежните и од работодавачите. Mинимална плата од 500 евра е потреба, а не прашање и законот за работни односи мора да се донесе во најбрз можен рок. Ова се ставовите на дел од синдикалните претставници и лидери кои денесka присуствуваа на фестивалот „Текстилијада“ во Штип. Изборните процеси, лани и годинава, од ССМ ги посочија како ...

Владите во Србија и Албанија донесоа одлука од 1 јануари следната година да ја зголемат минималната плата. – вели претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски. Во Србија таа ќе изнесува 64.554 динари, односно 551 евро, а во Албанија 50.000 леки или 515 евра. Во Македонија, пак, според Владата и газдите, работниците ќе мора да почекаат до март 2026 година, кога според законот треба да се изврши редовното усогласување на ...

Дали новиот Закон за работни односи некогаш ќе го види светлото на крајот од денот? И понатаму истиот е заглавен во фиока и нема “абер” ниту дали ќе се прават измени на постоечкиот, кој е стар повеќе од седум години ниту пак дали ќе се оди со целосно нов закон за работни односи. Овој закон мора да се донесе во најбрз можен рок, како и тоа минималната плата да изнесува 500 евра, дециден е синдикалниот лидер, Слободан Трендафилов. Секојдневно ...

ССМ бара зголемување на минималната плата. „Минималната, но и сите останати плати мора веднаш да се зголемат. Еден работник според последните податоци од Народната банка заработува на својот работодавач меѓу 300 и 600 илјади денари. Тој доаѓа на работа, работи за себе, ја заработува платата на директорот, на менаџерскиот тим, заработува за инвестиции, коли, викендици за работодавачот, порача претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија ...