Најјака појава на политичкава сцена е т.н. “независно” граѓанство. Оние неутралните во време на општ распад. Постојано се жалат како ништо и никој не им чини, ги ставаат сите во ист кош (оти они нели мора некако да се издвојат себеси), а притоа, кога ќе има некој добар предлог за корисни политики и закони (секако од Левица), секогаш зборуваат апстрактно – ко да таа работа паднала од небо, сама се појавила на дневен ред, сама се сработила. Па ...
Според дпмне и штабарите им, после Шарена, веќе не смее да има протести, никогаш и од никој, па макар сите живи изгореле во прчијава што ја создадоа! Од ваков ментален склоп на закоравени, вечно исплашени од промени луѓе, кои со сопственото паразитирање преку партиите ги избркаа различните, прогресивните, чесните, 30 години тонеме во дупка без дно! И сега, тие таквите бараат отчет кој тоа смее да протестира!? Кој тоа се осудил да се побуни!? ...