Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф, денес разговараа три часа во Кремљ, а според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, главна тема била украинската криза. „Ако зборуваме за теми, тогаш, пред сè, секако, тоа е украинската криза. А втората тема се перспективите за можен развој на стратешка соработка меѓу САД и Русија“, рече Ушаков. Според него, Путин испратил одредени ...

Тричасовната средба меѓу специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин беше „корисна и конструктивна“, изјави денеска советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. Разговорите меѓу Виткоф и Путин се случија само два дена пред истекот на крајниот рок даден од американскиот претседател Доналд Трамп за Русија да договори прекин на огнот во Украина или да се соочи со нови санкции. Ушаков изјави за руски ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска пристигна во Москва. Виткоф беше пречекан на аеродромот Внуково од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за економска соработка со други земји, Кирил Дмитриев. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека средба меѓу САД и Русија е закажана за подоцна денеска. – Утре имаме средба со Русија – изјави Трамп синоќа пред ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, заврши денеска во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател. Средбата траела околу три часа. Специјалниот пратеник на американскиот претседател пристигна во Москва рано изутрината, а беше пречекан од генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во Москва. ...