Ако до сега Битола имала свои атлетски херои на кратки и средни должини од пред некој ден има и нов маратонец, Даниело Божиновски, кој пред една недела во Виена, Австрија, го истрча свој прв маратон со време 3 часа и 28 минути, а тоа е одлично време за прв маратон на еден маратонец – рекреативец. Онака како и што се подготвуваше, тивко и неприметно, Даниело така се однесува и по одличниот резултат, а не беше лесно и да се наговори на разговор ...
Пелистер – АП Брера 1:2 (0:1) Екипата на Пелистер е поразена во Битола, односно со непријатно изненадување за своите навивачи, бидејќи противникот беше последен на табелата, а АП Брера дојде до значајна победа со резултат 1:2, а со трите “битолски бода“ го напуштија дното и пак се во игра за опстанок во прволигашкото друштво.Првата половина од првото полувреме се играше рамноправно, а шанси за гол имаа “пелистерци“. Се пробаа да погодат Стефан ...
Македонија – Полска 21:23 (10:10) Вечерва во Битола пред 3.000 љубители на ракометот женската репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство 2025, откако по вторпат загуби од Полска, овој пат со 23:21. На првиот натпревар загубија со 22:18.Во исполнетата „Боро Чурлевски“, навивачите беа осмиот играч на нашата репрезентација и некаде до 45. минута, сите опции беа во игра, но во последните десет минути Полска на ...