Познатата глумица и пејачка Оливера Катарина денеска беше испратена на нејзиното вечно почивалиште во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. Големата уметница беше испратена во присуство на нејзиното најблиско семејство, голем број пријатели, почитувачи и колеги од уметничкиот свет. Оливера Катарина почина на 21 јули на 86-годишна возраст по кратко боледување, оставајќи зад себе неизбришлива трага во културната историја ...
Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството, а информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат објавени дополнително. Оливера Катарина беше актерка, пејачка и писателка, која во текот на својата повеќедецениска кариера остави длабока трага во југословенската и светската уметност. Особена популарност стекна со улогата во култниот филм „Собирачи на пердуви“ на режисерот Александар Петровиќ. Филмот беше номиниран за наградата „Оскар“ за ...

