Полска го заврши јунскиот квалификациски циклус за Светско првенство со половичен успех од една победа и еден пораз, но неуспехот на гостувањето во Финска се покажа како последен натпревар на кој селектор беше Михал Пробиеж. Тренерот кој влезе во директен конфликт со Роберт Левандовски реши да му ја одземе и капитенската лента на напаѓачот на Барселона, а откако Левандовски јавно порача дека се повлекува од репрезентацијата се додека не дојде до ...

Варшава, 12 јуни 2025 (МИА) – Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробиерж, објави денеска дека поднесува оставка „за доброто на тимот“. Одлуката доаѓа по отворениот конфликт меѓу Пробиерж и репрезентативниот капитен Роберт Левандовски, како и по поразот (1-2) од Финска во вторникот во мундијалските квалификации. „Дојдов до заклучок дека во сегашната ситуација најдобрата одлука во корист на тимот е мојата оставка како главен ...