Вечерва од 19 часот на стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина, нашата У-21 селекција игра пријателски меч против соодветната селекција на Косово. Ова ќе биде првата од двете контроли на избраниците на селекторот Горан Станиќ со Косово, втората се игра во сабота на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Ова ќе бидат последни подготовки за нашата млада репрезентација во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП кои започнуваат ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година одигра пријателски меч и ремизира без голови против селекцијата на Косово У21 (0-0). Нашиот национален тим во нов лик и предводен од новиот селектор Горан Станиќ гостуваше во Приштина, каде на стадионот „Фадиљ Вокри“ имаше шанса да се надигрува со ривалот. Меѓутоа, голови немаше, стрелците во двата тима разочараа. Македонија У21 ја чека уште еден пријателски натпревар против Косово, тој ќе ...