Четвртото коло е коло на брзи голови. Ако во петокот во Струмица падна автогол на дуелот Шкупи - Вардар, попладнево на фудбалерите на Пелистер им требаа само десет секунди за водство во Ѓорче Петров. Петар Ристиќ во празно го проигра Лука Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар го отвори резултатот (0-1). Ова е трет гол сезонава за српскиот интернационалец кој дојде од словенечка Горица ова лето. Дуелот во Ѓорче Петров се игра пред ...

Општина Ѓорче Петров го официјализира партнерството со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка преку договор за грант за развој на социјални услуги на локално ниво. Во соработка со здружението „Во мојот свет“ ќе се отвори Центар за дневен престој и индивидуален третман за деца и млади со попреченост. Центарот ќе обезбедува стручни и достапни услуги за: деца од 1 до 14 години – со фокус на рана интервенција и ...