До 18:00 часот денеска, низ Македонија биле евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Според најновите информации, три пожари сè уште се активни, додека девет се целосно изгаснати. Во моментов пожарникарите интервенираат на три локации. Активен пожар има на градската депонија во Делчево, кај депонијата во Валандово каде што е зафатена нискостеблеста шума, како и во струшкото село Делогожда, каде што гори депонија и ниска вегетација. ...

Состојбата со пожарот кај Кавадарци е критична, а противпожарните екипи и понатаму се на терен во обид да спречат негово понатамошно ширење. Огнената стихија бара максимална ангажираност и постојано следење на состојбата поради неповолните временски услови. Пожарникарите работат во отежнати услови, а според информациите од надлежните, целосно ставање на пожарот под контрола не се очекува во текот на вечерта. Главен предизвик останува ширењето ...