Со триумфот над Беса, тимот на Вардар попладнево на свој терен ја продолжи низата на мечеви на кои освојува бодови пролетва, и нормално веќе нема никакви грижи и проблеми кога станува збор за статусот во овогодинешниот ПМФЛ шампионат. Цели тринаесет мечеви Вардар е без пораз. На ваква низа на позитивни резултати, можат да се пофалат само екипи кои што се борат за титула за највисок пласман, а ете токму тоа во моментов го остваруваат и момците ...

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 28:25 (18:9) Екипата на Вардар со двата триумфа во 1/4 финалето на Купот кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битооа се пласираше меѓу четирите најдобри, односно во Ф4 од Купот, триумфираа со 25:28, полувреме 9:18.На Еурофарм Пелистер 2 натпреварот против Вардам му беше прв натпревар денес бидејќи утрината не го играше својот дуел со Борец ФЛ, откако велешани дојдоа со девет ракометари, па тој ...

Сега сите признаваат, иако онака намрштено по скопски. Сега сите сфаќаат дека Гоце Седлоски е идеалниот човек за клупата на Вардар. Едноставно овој човек си ја знае својата работа. Го донесе Вардар оваа пролет до рекордни 13 меча без пораз во низа, или повторување на рекордот од таа 2019/2020 година. А кој ли само можеше да претпостави дека Вардар денеска по победата над Беса со 3:1 ќе “грмне“ и тоа силно… “Ова е Вардар…“. Како прво по очајната ...