Познато е дека младите ракометари на Пелистер се пласираа на Ф4 во младинската ЛШ и ќе играат за трофејот во ова престижно натпреварување. Интересно е тоа што, барем од она што може да се види на сајтот на ЕХФ каде се официјалните термини и сатници на овие натпревари, Пелистер првиот меч, оној од полуфиналето против ГОГ ќе го игра во 9 часот наутро, и тоа не во „Ланксес Арената“ во Келн, туку во градот Дорманген. Второто полуфинале меѓу Веспрем ...

И официјално. Ракометарите на Пелистер 2, од следната сезона повторно ќе играат во нашата машка ракометна Суперлига. Имено денеска младите битолчани славеа против РК Драчево, во меч од Првата лига, со 46:25 и со тоа и дефинитивно ставија печат на пласманот во елитата. Ја потврдија титулата во Првата лига. Значи во следната сезона Битола одново ќе има два Суперлигаши, Пелистер и Пелистер 2. По овој успех раководството на РК Пелистер им го ...