Плејмејкерот на Њујорк никс, Џејлен Брансон, ја одбележа изминатата ноќ во НБА-лигата, откако одигра феноменален натпревар и го предводеше својот тим до победа над Мајами хит со 132-125. Брансон беше првото име на средбата со 47 поени и осум асистенции, а до таков поентерски учинок стигна со шут 9/13 за два поени и 6/13 за три поени. Од линијата за слободни фрлања беше беспрекорен со 11/11. Кај Њујорк се истакна и Микал Бриџис со 24 поени, ...
Екипите на Атланта и Чикаго ноќеска одиграа ефикасен натпревар на кој беа постигнати 302 поена. Победа од 152:150 остварија гостите Чикаго. Атланта пропушти да се избори за продолжение откако Треј Јанг промаши. Ова беше четврта победа за „биковите“ на последните пет натпревари. Матас Бузелис со 28 поени беше најефикасен кај победникот, а вкупно 10 играчи имаа двоцифрен број поени. Воедно Бузелис погоди седум тројки од осум обиди. Резултати на ...
Кошаркарите на Чикаго Булс славеа во ефикасен натпревар на гости кај Атланта Хоукс со 150-152. Овој резултат е тринаесетти во историјата на НБА лигата кога двете екипи комбинираат повеќе од 300 поени без да се игра продолжение. Во супер-ефикасната ноќ повеќе нерви, среќа и умешност имаа гостите кои на крајот минимално славеа. Во таборот на Атланта беа најефикасните поединци Џонсон со 36 и Тре Јанг со 35 поени. Кај Булси, пак, се истакна Бузелис ...

