„ЛГБТ концептот го оштети албанското семејно ткиво“, „Феминизмот, оплодувањето на децата без „адреса на таткото“, промовирањето на сексуалната слобода (читај: хомосексуализмот), се „вредности“ што ако ги оспориш, те прогласуваат за антиевропски и антизападен еретик“. Ова се извадоци од текстови на кандидатот за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата, Исмаил Синани, кој бил долгогодишен новинар во повеќе медиуми на ...
Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не ги користи како демократски декор, поради тоа што повторно бира по непознати критериуми, и предлага член кој не дели никаква вредност со она што треба да го брани. Реакцијата на мрежата доаѓа откако Собранието на 4-ти јуни во постапката за избор на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Исмаил Синани за член на Комисијата за спречување и заштита од ...

