Милано, 29 мај 2025 (МИА) - Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри, би можел да го преземе Милан, тврди новинарот Николо Шира. Според Шира, договорот со 57-годишниот Италијанец ќе трае до летото 2028 година, а платата на тренерот ќе биде пет милиони евра годишно. Алегри е без работа од мај 2024. Последен клуб му беше Јувентус, а претходно од 2010 до 2014 година беше тренер на Милан. Во сезоната 2024/25 во Серија А, Милан не успеа ...

Уште вчера беше познато дека Алегри ќе биде нов тренер на Милан, а клубот денеска ги потврди таквите информации. „Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е именуван за тренер на машкиот прв тим. Клубот му посакува топло добредојде на Масимилијано и успех во новата авантура,“ се наведува во објавата. Алегри се враќа на „Сан Сиро“ по една деценија, во клубот со кој ја освои титулата во Серија А во 2011 година. По заминувањето од ...