Шкендија е првиот македонски клуб кој ќе презими во европските купови. Тетовскиот клуб заврши на 22 место на табелата во Конференциската лига и на тој начин обезбеди место во плејофот за пласман во осминафиналето. Тоа значи дека Шкендија во Новата година ќе влезе како дел од европската елита. На 16 јануари македонскиот првак ќе го чека името на следниот ривал во нокаут фазата. Според финалниот распоред на табелата, јасно е кои се можните ривали ...
Жрепката за плејофот е закажана за 16 јануари во Нион Македонскиот шампион Шкендија го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот клупски фудбал, обезбедувајќи пласман во нокаут фазата од Лигата на конференции. Иако Шкендија претрпе минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај кипарски АЕК, резултатите од останатите натпревари и претходно освоените бодови беа доволни за историски успех. Тетовските „црвено-црни“ ја завршија групната ...

