Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 37 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 37 степени. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ...

Денеска во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени. ...