Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар успешно се врати во Европа и тоа со сигурен настап против Ла Фиорита во рамките на првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ не дозволија никакво изненадување и славеа со 3-0 со што е направен значаен чекор кон пласман во наредната рунда. Избраниците на Седлоски можеа да постигнат и повеќе голови ако беа пофокусирани во завршницата на акциите, но исто така мора ...
Вардар славеше над Ла Фиорита со 3:0 во првиот меч од првото коло во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Најтрофејниот макдонски клуб со оваа победа обезбеди мирен реванш во Сан Марино кој ќе се игра следниот четврток. Во второто полувреме Вардарци го решија мечот во своја корист, откако по првиот дел беше 0:0. Само што почна вториот дел, Азер Омерагиќ одлично се снајде во петерецот на гостите и ја затресе мрежата за водство од 1:0. ...