Во четири општини од западна Македонија утре ќе се избира градоначалник, со што целосно ќе се заокружи изборниот процес од ланските локални избори. Станува збор за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште. Ова се повторени избори, бидејќи во првиот круг од локалните избори, одржан на 19 октомври, во овие четири единици на локалната самоуправа излезноста беше околу 30 отсто. Тоа не беше доволно за избор на ...
Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија до 19.00 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавени 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, до 19.00, правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. 2 лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во ...
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, во овој круг нема лимити и за да се избере градоначалник потребно е за ...

