Вечер кога музиката зборува повеќе од зборови. Постојат концерти што се слушаат и концерти што се доживуваат. Рециталот на Марија Ѓошевска е токму такво искуство, интимно патување низ емоции, бои и светови што само врвната пијанистичка уметност може да ги отвори. Од кревката поетика на Шопеновите „24 Прелудии“, преку современиот и автентичен звук на македонското дело „Felem“ од Бете Илин, до раскошната виртуозност на Рахмањиновите варијации, ...
Една од најреномираните македонски пијанистки, Марија Ѓошевска, синоќа одржа Рецитал во Камерната сала на Македонската Филхармонија и приреди исклучително музичко доживување за љубителите на класичната музика. Програмаше беш е внимателно конципирана и донесе дела од врвот на пијанистичкиот репертоар, така што публиката ги слушна „24 Прелудии“, оп. 28 од Фредерик Шопен – циклус кој преку кратки, но исклучително длабоки минијатури го открива ...

