Од 9 до 11 јуни 2025 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, Армијата на Република Северна Македонија ќе спроведе планирани тактичко-технички активности на плажата „Бафало бич“ во Охрид. Активностите ќе се одвиваат во непосредна близина на Езерската полиција. Во рамките на вежбите, припадниците на Баталјонот за специјални сили ќе изведуваат операции во водите на Охридското Езеро, користејќи звучни ефекти и специјализирана опрема. За ...
Припадниците на баталјонот за специјални сили, како што е наведено, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. „Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување, што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор -Охридско Езеро (Езерска полиција)“, информира СВР Охрид. Апелираат до ...