Во летните горештини клима-уредот стана неопходен дел од секој дом. Но, додека многумина размислуваат само дали доволно лади, ретко кој се прашува дали правилно го користи. Токму малите секојдневни навики можат значително да го намалат векот на уредот, да ја зголемат потрошувачката на електрична енергија и да доведат до скапи дефекти. Според препораките на производителите на климатизациска опрема и експертите за енергетска ефикасност, ...

Внатрешноста на автомобилот може да надмине 60-62 степени во текот на летото. Научете како правилно да го проветрувате вашето возило и безбедно да го користите клима уредот. За време на летните горештини, внатрешноста на автомобилот може да се загрее многу побрзо отколку што очекуваат повеќето возачи. Доволно е надворешната температура да биде околу 25 степени, така што во возило паркирано на сонце ќе биде околу 38 степени по дваесет минути. ...

Додека температурите во Македонија локално надминуваат 40 степени, а многу топлото време се очекува да продолжи до 2 август, дел од клима-уредите работат без прекин, но тешко ја намалуваат температурата во домот. Тоа не мора веднаш да значи дефект, но млак воздух, вода од внатрешната единица или често исклучување на осигурувачот се знаци што не треба да се игнорираат. Работниот опсег наведен од производителот не значи дека уредот гарантира 22 ...