Директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес конференција информира за состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на државата. – Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. ...

15-ина пожари се уште ги пустошат македонските шуми. Веќе со денови гори околу Радовиш, Берово, Прилеп, Крива Паланка и Желино. Чад се издига и во околината на Скопје, пожари има во општините Илинден и Петровец. Надлежните, засега уверуваат дека состојбата е под контрола. Не очекуваат пожарите да исчезнат бидејќи, како што велат, постојат сомнежи дека се намерно предизвикани. Освен што го голтаат шумскиот фонд, пожарите се закана и за имотот на ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција соопшти дека Словенија и Франција се понудиле да испратат помош од тимови со по пожарникари и специјални возила за гаснење пожари. Како што изјави Ангелов, понудите се разгледуваат и дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи. Препорачано -Температурите иако се намалија, сè уште се погодни за пожари. Граѓаните да бидат исклучително ...