Скоро 38 милиони евра заработиле фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, дел од нив и наменски формирани за незаконски поврат на ДДВ од државата со купи-продај недвижнини само на хартија, без претходна физичка уплата. Потоа ги переле тие огромни суми пари кои УЈП им ги враќала како ДДВ од „купопродажните“ меѓусебни активности на тие фирми. Од 4.000 до 20.000 евра метар квадратен чинел деловниот простор кој фирмите меѓусебно ...

Според Обвинителството, постоеле три начини преку кои фирмите на Крмзов извлекувале државни пари преку поврат на ДДВ, а главниот одел преку фиктивна купопродажба на недвижнини меѓу самите фирми. Околу 90 отсто од финансиските злоупотреби биле направени на овој начин Во истрагата се опфатени и осум државни службеници, поточно инспектори во Управата за јавни приходи (УЈП) кои, според Обвинителството, им овозможиле на фирмите поврзани со Крмзов да ...