Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, во изјава за „Слободен печат“ вели дека инспекторите постојано ја контролираат работата на бензинските пумпи и дека ќе продолжат и во наредниот период. – Во четвртокот, петокот, саботата и во неделата направивме 250 контроли на бензински пумпи. Кај 25 или 26 бензински пумпи е забележано дека немаат бензин или дека точат до одреден лимит. Кај тие што немаа бензин, забележавме дека ...

Во последните три до четири дена се извршени повеќе од 300 инспекциски контроли на бензински станици и не е утврдено криење на залихи на гориво, изјави директорот на Пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски. Тој појасни дека околу триесетина бензински станици привремено останале без гориво поради исцрпени резерви, но по ново полнење на резервоарите продолжиле со точење. Стојкоски најави дека инспекциски контроли ќе се вршат и кај маркетите, ...

Во последните часови од вчерашниот ден, пред да стапи во сила одлуката за поскапување на дериватите за повеќе од 14%, беа забележани зголемени колони на бензинските пумпи, каде што беше ограничено колку литри гориво може да се наточи. Поради сомнежи за сокривање резерви на деривати за тие подоцна да се продаваат по повисоки цени, како и индиции за манипулации со нелојална конкуренција и неправедни трговски практики, под истрага се ставени над ...