Екипата на Огражден од Ново Село, која минатата сезона ја освои титулата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Струмица и обезбеди пласман во Трета лига – Исток, го промовираше своето прво засилување за новата сезона. Новиот член на шампионскиот состав е 28-годишниот Мартин Ѓорѓиевски, фудбалер кој може да одговори на повеќе дефанзивни позиции, настапувајќи како стопер и бек. Ѓорѓиевски во сезоната која измина го носеше дресот на Полиспортива ...
Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари средба со фудбалерите, стручниот штаб и управата на ФК Огражден, откако клубот ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Струмица и обезбеди пласман во Третата лига – Исток за сезоната 2026/2027. На средбата се разговарало за успешната сезона на клубот, но и за идните планови и развојот на фудбалската инфраструктура во Ново Село. Божинов ја истакна својата ...

