Политичката блокада во Косово продолжува четири месеци по изборите, а нема политичко решение на повидок за каков било можен договор. Пратениците се состанаа 30 пати во Собранието, но не успеаја да изберат претседателка или претседател на парламентот, што би отворило пат за преговори за формирање нова влада. Опозициските партии не сакаат да гласаат за кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџи, а Самоопределување продолжува да инсистира на ...

СКОПЈЕ (АА) - По повеќе од четири месеци од општите избори одржани на 9 февруари во Косово, конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 31. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу. Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива ...