Палестинската исламистичка групација Хамас соопшти дека преку посредници добила „неколку идеи“ од САД за постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа. САД, Катар и Египет се посредници во индиректните преговори меѓу Израел и Хамас. Во изјавата се наведува дека со посредниците се разговара за можностите за развој на тие идеи, но без детали за нивната содржина. Хамас повтори дека е подготвен да преговара за ослободување на сите ...

Два извори од Хамас за Ројтерс потврдија дека функционерите на палестинската група, кои беа дел од тимот за преговори за прекин на огнот, го преживеале израелскиот напад во Доха, јави Тајмс оф Израел. Израелските власти соопштија дека нападот бил насочен кон највисоките лидери на Хамас, меѓу кои и Халил ал-Хаја, претседателот на Хамас во егзил од Газа и главниот преговарач на организацијата. Официјален претставник на Хамас во Газа изјави дека ...