Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес за осакатувањето на родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која по породувањето остана без матка, јајник и бубрег. На денешното рочиште од одбраната на обвинетите беше побарано да се изготви ново супервештачење, но судијата Јордан Јованов го одби ваквиот предлог оти, како што рече, биле почитувани процедурите за изготвување на супервештачењето кое ќе биде образложено на следното рочиште. ...
Судот во Струга го прифати супервештачењето за случајот „Јалдз Веапоска“ Струшкиот Основен суд денес донесе одлука со која го прифаќа супервештачењето од специјализираниот судско-медицински одбор, во случајот за пациентката Јалдз Веапоска од Дебар. Судскиот процес, кој трае веќе четири години, ќе треба да потврди дали има лекарска грешка при отстранувањето на матката, јајникот и бубрегот кај родилката. Случајот на Веапоска привлече големо ...
Судот во Струга денеска го прифати супервештачењето кое го изврши судско-медицински одбор, а од кое ќе стане јасно зошто и дали по лекарска вина се отстранети трите органи – матката, јајникот и бубрегот кај родилката од Дебар Јалдз Веапоска. Таа отиде да се породи во болницата во Струга со царски рез, но заврши на скопските клиники во животозагрозувачка состојба откако во струшката болница извадени ѝ беа три органи. Препорачано Одбраната на ...