Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави синоќа дека планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот. Посочи дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај. Тој додаде дека има намера да продолжи да поминува еден до два дена во неделата на должности на американската влада, барем додека Трамп го ...

Според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), американскиот производител на електрични возила „Тесла“ продал нешто повеќе од 36.000 возила во ЕУ во првиот квартал, што е за 45 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Аналитичарите го припишуваат падот на продажбата на улогата на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во американската администрација. Препорачано Само во март, продажбата ...

И покрај проблемите на „Тесла“, продажбата на електрични возила продолжува да расте во некои европски земји, вклучувајќи ги Германија и Обединетото Кралство. Според податоците на ACEA, електричните возила сочинуваат 15 проценти од пазарот на ЕУ. Најголем удел имаат хибридите (36%), а по нив следуваат автомобилите на бензин (29%). Компанијата „Тесла“ оваа недела објави пад од 71% во профитот за првиот квартал – заработката изнесува 409 милиони ...

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ се соочува со сериозна криза, а според „Си-Ен-Ен“, ситуацијата е уште полоша отколку што изгледа. Продажбата на компанијата е во опаѓање, профитот се урива, а вредноста на нејзините акции паѓа. Во исто време, пред салоните на „Тесла“ се одржуваат протести, додека „Сајбертракот“ е оценет како целосен неуспех. Во првиот квартал од 2025 година, Тесла забележа пад на нето добивката од 71 ...