Советот на Народната банка ја намали проекцијата за растот на македонската економија. Наместо претходните 3,3 отсто, сега НБРМ проектира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти. Неповолното надворешно опкружување, според Советот на НБРМ, е причина за надолната ревизија за растот. За разлика од НБРМ, Владата која вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2025 година ќе ја смени проекцијата за раст на економијата од 3,7 отсто ...

Советот на Народната банка во последниот квартален извештај ја намали проекцијата за растот на македонската економија. НБРМ прогнозира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти, наместо претходните 3,3 отсто. „За оваа година се очекува раст од 3%, што претставува мала надолна ревизија во однос на октомвриската оцена, во услови на понеповолно надворешно окружување. За периодот 2026 − 2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст ...