Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар (МНТ) , вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На ...
СОЊА МИХАЈЛОВА, актерка, е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на ...
Вториот ден, 7 јуни, од педесет и деветото издание Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ помина со громогласни аплаузи и овации за актерите од Народниот театар во Битола по изведбата на „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. Се реализираше и првата тркалезна маса за претставата „12“ на Македонскиот народен театар, каде се разви дускусија која ја водеше Звонко Димоски. Тој рече дека концептот на ...