Руска разузнавачка помош за Иран, која наводно вклучува и податоци за локации на американски воени цели на Блискиот Исток, ја отвори најсериозната дилема досега во ескалираниот конфликт: дали во војната индиректно влегува уште една голема сила, и тоа преку „невидливи“ канали што може да ја зголемат прецизноста и ефикасноста на иранските напади. Вашингтон пост, повикувајќи се на три лица запознаени со разузнавачките сознанија, објави дека ...

Русија му обезбедува разузнавачки информации на Иран за локацијата на американските сили на Блискиот Исток, објави NBC News, повикувајќи се на четири извори запознаени со ситуацијата. Според извештајот, Москва му доставува на Техеран податоци што можат да помогнат во лоцирањето на американски воени бродови, радари и комуникациски системи во регионот. Изворите наведуваат дека овие информации доаѓаат од сателитски податоци и други разузнавачки ...

Иранскиот претседател се закани дека ќе ги засили нападите врз американски цели низ целиот Блиски Исток, додека САД и Израел продолжуваат со својата воздушна кампања. „Кога сме нападнати, немаме друг избор освен да одговориме. Колку поголем притисок ќе ни наметнат, толку посилен ќе биде нашиот одговор“, рече претседателот Масуд Пезешкијан во видео коментари во неделата. „Нашиот Иран, нашата земја, нема лесно да се поклони пред ...