Младите кошаркарки на Македонија, денеска во салата “Перо Наков“ во Куманово на својот прв меч на кошаркарскиот турнир на ЕМОФ, беа убедливо поразени од своите врснички од Белгија со 40:111. Уште на почетокот од овој меч се виде како ќе се одвиваат работите на оваа средба. Гостинките поведоа а потоа само ја “билдаа“ разлика која на крајот заврши со плус 71 поени рзлика за нив. Кај нашиот тим најефикасна со 14 поени беше Сарафиловска. Утре ...

Ништо ново кога станува збор за нашите спортисти во екипните спортови на ЕМОФ. И кошаркарите со пораз и тоа убедлив од селекцијата на Турција со 56:88, во меч кој се одигра во Куманово. Едноставно се покажа дека во овој момент селекцијата на Турција е далеку подобар противник. Во првата четвртина беше 8:23 и тука се “скрши“ натпреварот. Бадијала беа сите обиди на нашите млади кошаркари да направат било што на оваа средба. Единствено во третиот ...

Младите ракометни репрезентативци на Македонија, вечерва на својот прв меч на ЕМОФ се поразени од соодветната селекција на Хрватска со 19:27. Треба веднаш да се каже дека во првото полувреме, кое заврши со резултат 10:10, видовме разиграна, квалитетна Македонија, но во вториот дел голем пад во играта или далеку подобра Хрватска и затоа е таков конечниот резултат. Во нашата селекција најефикасни со по три голови беа Петревски, Симоновски, ...