Доколку покажат резултати истражителите во јавното обвинителство ќе добијат повисоки плати, најави министерот за правда. Филков смета дека средствата се хроничен проблем во правосудството но засега вели сосема доволно е зголемувањето на коефициентите на платите. Во отчетот за сработеното министерот порача дека е особено горд на предлог законот за Судски совет и ги повика пратениците да ја препознаат итноста од носење на овој закон. Министерот за ...
Според министерот за правда Игор Филков, реформите во правосудството во првата година од неговиот мандат не останале само на хартија. За една година, Министерството изготвило и доставило до Владата 22 системски закони, додека од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 7 се веќе во владина процедура. Од законите кои веќе се во Влада, Филков потенцираше дека дури четири од нив се однесуваат за платите на вработените во повеќе гранки од ...