Шкендија дефинитивно е најактивен клуб во мак-фудбалот на почетокот од летото, откако тетовци направија неколку промени во играчкиот кадар. Денеска беше објавено дека македонскиот првак нема да ја продолжи соработката со Аденис Шаља, крилниот фудбалер кој летово станува слободен играч и ќе може да ја избере следната дестинација во кариерата. „Сакаме да му се заблагодариме на Аденис за се што стори за Шкендија за време на својот престој во ...

Екипата на Шкендија е активна на пазарот, а потврда за тоа се двете официјализирани засилувања за еден ден. Актуелниот македонски шампион прво го потврди потписот на дефанзивецот Нуман Ајети кој доаѓа од Шкупи за да вечерва објави дека нивен нов член е Бабукар Гаје. Шкендија се раздели со уште двајца фудбалери, но и доведе младински репрезентативец на Македонија Гаје е репрезентативец на Гамбија кој во вториот дел од претходнава сезона бранеше ...

Шкендија продолжува со формирање на ростерот за наредната сезона, во која тетовскиот тим ќе биде без услугите на уште двајца фудбалери од сегашниот играчки кадар. Актуелниот првак на Македонија денеска го потврди прекинот на соработката со Зија Мерџани и со Ристо Јанков, кои летово ќе ги сменат клупските бои. „Мерџани и Јанков веќе не се дел од Шкендија, благодарни сме им на двајцата фудбалери за придонесот додека го носеа дресот на нашиот клуб. ...