Во Македонија, како континентална земја и земја чија хидрографија е доминантно детерминирана од речните текови и езерата, темата за постоењето на острови е многу малку третирана, при што како последица во голема мера се раширило верувањето дека единствен остров во нашата земја е островот Голем Град во Преспанското Езеро. Ваквиот пристап до пред нешто повеќе од една деценија бил иманентен и кога е во прашање македонската научна мисла, при што ...

Поради геотектонската и морфоструктурна условеност, доминантно планинскиот релјеф на Република Македонија е со голем просечен наклон и е доста расчленет со речни долини, а речните текови и нивните корита во планинските делови најчесто имаат голем релативен пад, со бројни брзаци, водопади и слапови. Од неколкуте стотици досега евидентирани водопади, во литературата како позначајни се издвојуваат петнаесетина, од кои дури пет се наоѓаат на ...