Струга Трим Лум има максимален ефект во четирите досегашни натпревари во Прва МФЛ, а играчот за врска Бесмир Бојку се надева дека позитивната серија ќе продолжи и по репрезентативната пауза. Стружани го пречекуваат Тиквеш и максимално го респектираат. „Атмосферата во тимот е одлична, особено по позитивниот старт на сезоната. Во овој изминат период имавме и повеќе време и за одмор, но и за максимална подготовка за претстојните натпревари. Прв ...

Екипата на Струга Трим Лум продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона во Првата македонска лига и го совлада тимот на Тиквеш со убедливи 3-0 (1-0) во натпреварот од петтото коло. За тимот на Бледи Шкемби ова беше петти триумф во исто толку одиграни мечеви. Домаќинот во првото полувреме имаше повеќе од играта и создаде неколку добри шанси, а една колосална прилика пропушти капитенот Буњамин Шабани. Тиквеш се ориентираше на ...

Фудбалерите на Струга ТЛ имаат предност од 1-0 на полувремето против Тиквеш во првиот денешен натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во дуел без многу шанси стружани до предноста дојдоа со голот на Компаоре од пенал во 39. минута од средбата. Претходно, Буњамин Шабани имаше 100% шанса порано да ги доведе домашните до водство но иако очи во очи со гостинскиот голман не успеа да реализира. ПМФЛ 5. КОЛО: (денеска) СТРУГА ТЛ – ...