Она што го јадете за вечера може да го одреди не само квалитетот на вашиот сон, туку и што ќе изберете за појадок следното утро. Тоа е заклучокот на студија на Универзитетот во Гранада, објавена во списанието „European Journal of Nutrition“, која открива дека последниот дневен оброк има подалекусежни последици отколку што се мислело, пишува „Euronews“. „Вечерниот оброк влијае на сонот, а сонот потоа влијае на навиките за појадување следниот ...
Времето на оброкот, како и намирниците што ги јадеме за појадок, можат значајно да влијаат на нивото на шеќер во крвта и на енергијата во текот на остатокот од денот. Затоа, многумина се согласуваат дека појадокот е најдобро да се изеде во рок од еден до два часа по будењето, со цел да се одржи стабилно ниво на шеќер и да се обезбедат хранливи материи за почеток на денот. Покрај тоа, важна е и доследноста во времето на оброците, бидејќи ...

