Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик, вечерва во кафе и бар Shilla во Охрид ќе се одржи книжевна вечер со Лилјана Пандева. Станува збор за една од најинтересните и најоригиналните ...

Организатор на книжевната вечер е Српскиот културно-информативен центар „Спона“. На настанот ќе се вклучат и истакнатиот српски книжевник, универзитетски професор и новинар Милутин Ѓуричковиќ, кој во моментов е еден од посветените афирматори на современата македнска книжевност во Србија, преведувачката Марица Гроздановиќ-Милошевиќ, која ќе ги пренесе предизвиците при преведувањето на делото и книжевникот и програмски директор на „Спона“ – ...