Македонската влада планира да ги намали царините за 67 производи коишто се користат во домашната индустрија, но и да ги укине царинските стапки за стоките кои доаѓаат од САД во Северна Македонија. „На ваков начин сметаме дека ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на домашниот пазар, додека во меѓународната трговија со едностраното намалување на царинските стапки праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓусебната ...

Владата преку Министерството за финансии до Собранието поднела Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа, со кој се предлага укинување на царините кон САД. „Предложивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, односно укинување на стапките за стоките кои доаѓаат од САД во нашата земја. На ваков начин ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на нашиот пазар. САД е стратешки партнер на нашата ...