Во земјава и денеска ќе преовладува сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе се развие нестабилна облачност со локални обилни дождови и грмотевици. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладнево силно невреме го зафати делчевскиот регион. Невреме со врнежи од град со големина од лешник ...
Вчера попладне невреме проследено со обилен дожд и град предизвика сериозни проблеми во Скопје. Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот за итни повици 112 добил повеќе пријави за поплавени улици, заглавени возила, паднати дрвја и нарушен сообраќај во различни делови од градот. Една од најсериозно погодените локации е булеварот „Никола Карев“ кај Бит Пазар, каде што под Стоковна куќа Мост е пријавено приближно 50 сантиметри вода. ...