Од денеска е повторно отворен комплексот Македонско село во Горно Нерези во Скопје, кој за месечна кирија од 3.500 евра го доби фирмата „Ла тераца“ . Толку плаќаше и претходниот закупец хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кои во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години, но во октомври 2018 престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и во договорот дека имало таква ...

На отворањето беше присутен премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека комплексот ќе придонесе во развојот на туризмот и истакна дека државата бележи раст од 20 отсто споредбено со истиот период минатата година. „Ги повикувам сите оние што не го посетиле Македонско село, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект. И се разбира, во периодот што следува, да се погрижиме сето она што за жал изминативе седум години беше ...